Новинарите од МПМ и денеска штрајкуваа на пауза

by fokus

Новинарите вработени во весниците  „Вест”, „Дневник”, „Утрински весник” и „Македонски спорт”, чиј издавач е „Медиа принт Македонија” и денеска наместо на пауза, излегоа пред канцелариите фирмата за да го изразат својот револт, бидејќи уште ја немаат земено платата за декември.

Новинарите втор ден штрајкуваат, без попречување на процесот на работата, а весниците непречено се печатат и се дистрибуираат.

И денеска нема никаква официјална реакција од МПМ на овие барања на новинарите.

ФОТО: Радио МОФ

 

Поврзани новости