Груевски пријавил заштеда на околу 230.000 евра и долг од 5.000 евра

by fokus

Државната комисија за спречување на корупцијата ги објави имотните листови на новите пратеници во парламентот.

На имотниот лист на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пишува дека Никола Груевски не располага со недвижен имот и дека има заштеди во повеќе странски валути, а пријавил и долг од околу 5.000 евра.

Груевски , според имотниот лист заштедил 48.265 евра, 7.318 швајцарски франци, 250 долари, 600 британски фунти и 10.036.572 денари (163.196 евра), а на име на неговата сопруга Боркица се пријавени 8.000 евра на име штедни влогови.

Груевски пријавил 33 уметнички слики во вредност од приближно 11.000 евра. Осум слики од нив се наведени прв пат во овој анкетен лист. Во 2015 година имал пријавено 25 слики.

Поврзани новости