БЕСА: Може и намерно го запалил личниот автомобил за да го сврти вниманието од информациите, кои секојдневно излегуваат за него

by Fokus

Артан Груби не треба да лее крокодилски солзи, туку да излезе на прес-конференција и да одговори на три прашања: Дали е вклучен во криминал и дали соработува со подземните криминални структури на РСМ, кои сега се обидуваат да ги расчистат „сметките со него“? Затоа што, овој сомнеж го отвораат синхронизираните и непосредни реакции на функционерите на ДУИ, АА и СДСМ во Владата соопштија од БЕСА.

„Или намерно си го запалил личниот автомобил за да го сврти вниманието на јавноста од информациите кои секојдневно излегуваат во јавност и ги истакнуваат сомнежите за вмешаност во криминал и корупција на лидерот на ДУИ Али Ахмети и други функционери на ДУИ, како и злоупотреба на службената должност од негова страна, за што сведочеше и самата вицепремиерка Грковска.

Поврзани новости