БЕСА ќе му даде потписи на Заев без разлика дали ќе биде дел од владата

by fokus 23:02
23:02

Движењето БЕСА ќе му ги даде потписите на Зоран Заев за да добие мандат за состав на влада, а потоа ќе преговараат за коалиција.

Лидерот на БЕСА, Биљал Касами во емисијата „360 Степени” рече дека тие ќе сторат се што можат за кризата да не се продлабочува уште повеќе.

-Ние не само што безрезервно и безусловно го поддржуваме Зоран Заев како лидер на СДСМ, туку ние сме во насока на продолжување на процесот, што подразбира 20 дена преговори за форматирање на владата и во таа насока верувам дека сме биле најдоследен субјект од сите останати политички субјекти што рекле дека сме подготвени да ја завршиме работата или да ја исправиме грешката што ја направи Претседателот на државата. Ние сме подготвени да ги дадеме нашите потписи за Зоран Заев, без предрасуди дали ќе бидеме или нема да бидеме дел од владината коалиција – изјави Касами.

Инаку, додека ДУИ и Алијансата на Албанците имаат заеднички средби на кои преговараат за предлозите на СДСМ, БЕСА е исклучена, бидејќи Касами останува на ставот дека нема да седне на иста маса со Али Ахмети.

Поврзани новости