БЕСА го поддржа штајкот на СОНК

by Фокус

Движењето БЕСА денеска соопшти дека гo подржува штрајкот организиран од Синдикатот за образование наука и култура, истовремено повикајќи го Министерството за образование и наука да изнајде начин за комуникација со СОНК за разрешување на овие проблеми, наместо да наметнува притисок врз наставниците и професорите.

„Ако се има предвид дека оваа власт, со реформите во образованието во голема мера ја има отежнато работата на просветниот работник, жално е што сега се дрзнува да изврши притисок врз нив затоа што тие го користат своето право низ штрајк да дојдат до повеќе благосостојба во нивните животи. Ако Министерството си дава за право да направи образование по теркот на некој „експерт“, се поставува прашањето зашто не пристапува кон реформирање и на платите на просветните работници, туку наместо тоа, се користи со казнувања од типот на казните од екстерното тестирање. А, згора на тоа, извршува и притисок кон нив со методи од времето на монизмот, само затоа што тие бараат повеќе достоинство за нив самите?“, соопштија од БЕСА.

Поврзани новости