БЕСА формираше комисија која ќе преговара со СДСМ

by fokus

Од БЕСА денеска информираа дека нивното Централно претседателство денеска одржало седница на која станало збор за основните начела за учество во владината коалиција со СДСМ и дека за таа цел е формирана комисија на чело со Арбен Лабеништи, кој е потпретседател на движењето.

-Во духот на ветувањето за транспарентност со албанскиот гласач, Централното претседателство на Беса го информира членството, но и јавноста, дека останува посветена на својата изборна програма, со која ја освои довербата на Албанците во Македонија на изборите од 11 декември 2016 год. За другите детали и за исходот на преговорите јавноста ќе биде информирана навреме, соопштија од Беса.

Од движењето информираат дека комисијата од денеска ги започнува преговорите со мандатарот Зоран Заев.

Поврзани новости