Полицискиот синдикат ги поддржа суспендираните полицајци и побара командна одговорност

by fokus

Командна одговорност и правична и поединечна истрага побара денеска претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Ацо Антовски, за најновите суспендирања на полициските службеници за насилството во Собранието.

-Апелираме до Министерството за внатрешни работи своите надлежности да ги извршува темелно и правично во согласност со законските одредби, притоа внимавајќи на сите поединечни карактеристики на секој случај одделно, особено дали поединечни колеги кои биле сами или во мал број биле во состојба квалитетно да делуваат, притоа недобивајќи соодветни инструкции за ваков специфичен настан. Бараме МВР да не ја занемари командната одговорност која е круцијална во овие ситуации, рече Антовски.

Тој го информираше членството дека синдикатот ќе им обезбеди бесплатна правна помош во целокупниот тек на постапката, почнувајќи од приговорите против решението за суспензија и евентуалните судски разврски.

Поврзани новости