СДСМ и со БЕСА разговарала за принципите на новата влада

by fokus

Разговаравме за принципите врз кои треба да биде формирана идната реформска влада, изјави Оливер Спасовски од СДСМ по средбата со работната група на БЕСА.

-Кои луѓе, какви кадри се потребни за да имаме реформи, меѓутоа, тоа е на принципиелни основи и очекуваме дека во наредниот период ќе отвориме малку повеќе детали околу составот на идната влада, се со цел да постигнеме договор и со БЕСА и со другите политички субјекти кои се дел, односно треба да бидат дел од новото парламентарно мнозинство, изјави  Спасовски.

Во однос на поделба на ресори, Спасовски рече дека одлуката ќе ја соопштат во моментот кога ќе ја имаат.

Поврзани новости