412
-ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ разработуваат сценарио според кое иден мандатар би бил некој нов Емил Димитриев. БЕСА нема да поддржи влада која ќе ја предводи личност од ВМРО-ДПМНЕ- посочи Африм Гаши еден од основачите на движењето БЕСА, во интервју за 24 Вести.
Од партијата порачаа дека размислуваат да го предложат лидерот Билал Касами за претседател на Собрание.
Велат дека се отворени за соработка но во моментов не се водат разговори за парламентарно мнозинство. Како што вели Гаши, последен посериозен контакт со СДСМ била средбата Заев-Касами пред две недели.