Ципрас за името: Ние покажуваме трпение, вие национализам

by fokus

–Тешко е да се дојде до решение за спорот со името ако некој инсистира на непријателски ставови и покажува националистичко тежиште кое не е во согласност со нашите ставови, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска од Белград.

Тој рече дека Грција во текот на последните години покажала трпение и волја за решавање на спорот со името, но за тоа, како што рече, била потребна желба од двете страни.

Инаку досега, во претходните изјави за спорот со името, Грција настапува со остра антимакедонска реторика.  Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос не пропушта прилика да рече дека „Македонија е Грчка”, а македонците фалсификатори на грчката историја.

Поврзани новости