Беровчанка ја истепала 12-годишната ќерка, а во Крива Паланка внук нападнал дедо

by valentina 14:18
14:18

Беровчанка е пријавена во полиција бидејќи ја истепала својата 12-годишна ќерка, со што ја прекршила и претходно издадената судска одлука.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(39) од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука”. На 09.10.2026 во Берово, пријавената физичка ја нападнала нејзината 12-годишна ќерка и постапила спротивно на Решение за заштита од семејно насилство, издадено од Основен суд Берово, велат од МВР.

Во Крива Паланка, па внук бил пријавен дека нападнал дедо.

-На 31.10.2026 во 14:19 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Т.Г.(26) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека на 30.10.2026 година во семејниот дом физички го нападнал неговиот 82-годишен дедо. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични вести