Берлин ни порача: Слободни медиуми, нулта коруцпија и независно судство!

by Фокус

Покрај јасната порака дека проблемот со името мора итно да се реши, вчера во Берлин земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, се обврзаа дека ќе ја зајакнуваат демократијата со тоа што ќе се овозможи местото на опозицијата во парламентите, медиумите слободно ќе работат без да им се меша политиката и ќе му се даде шанса на цивиното општество да учествува во одлучувањето.

Ова се дел пораките во Декларацијата од Берлинската конференција за Западен Балкан, настан кој според многумина претставува нов Дејтон и каде вчера главнаа улога играше германската канцеларка Ангела Меркел. На конференцијата учествуваа премиерите, шефовите на дипломатиите и министрите за економија на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија како и претставници на Европската комисија, идниот домаќин Австрија и Франција.

Договорот е секоја година до 2018 земјите повторно да се среќаваат за да се оцени напредокот на сите полиња, а идната година домаќин на конференцијата ќе биде Австрија.

Земјите учеснички се договориле и дека треба уште да се работи за да се спречи корупцијата и организираниот криминал, да се зајакне независноста на судството и довербата во правниот систем.

Сите учесници на конференцијата за Западниот Балкан во Берлин потенцираа дека треба да се решат билатералните прашања најбрзо што е можно во интерес на добрите меѓусоседски релации и за зголемување на стабилноста во регионот, стои во Декларацијата на берлинскиот самит.

„Премиерите на Србија и на Косово повторно се посветија да ги нормализираат релациите. Проблемот со името меѓу Македонија и Грција е еден од нерешените билатерални проблеми. Земјите кои учествуваа на конференцијата се согласија дека овој спор мора итно да се реши со тоа што и двете страни да бидат подготвени за компромис“, пишува во денешната декларација.

Поврзани новости