Франкфуртер Рундшау: Хан направи погрешна проценка на ситуацијата во Македонија

by Фокус

Германскиот весник  Франкфуртер Рундшау денеска во текстот под наслов „Фатална погрешна проценка во Македонија“ пишува дека најголемиот дел за катастрофата во Македонија се должи на погрешната проценка на ситуацијата од страна на одговорниот комесар на ЕУ, Јоханес Хан. Во текстот се опишува и ситуацијата во Македонија.

-Македонија е случај на владин криминал. Мала, спријателена и роднински испреплетена групичка околу владиниот шеф Груевски и неговите блиски, како шефот на тајната полиција, најпрво си ја присвоија ВМРО, една од најголемите партии во земјата, а потоа си ја присвоија и целата држава. „Фамилијата“, како што општо се нарекува кланот на Груевски, се богатеше, судиите ги ставаше под притисок, ги затвораше опозициските медиуми, им се закануваше на новинарите, а веројатно и убиваше новинари, апсеше критичари и ги судеше во застрашувачки процеси. Преку државната администрација си купи верни послушници и манипулираше избори – регистар на криминални дела, на којшто му нема пример никаде во европската политика, се вели во текстот.

Германскиот весник пишува дека наместо да го принуди Груевски да поднесе оставка, ЕУ – комесарот Хан посредуваше потпишување на меѓупартиски договор за повторно да се одржат избори, а целиот Договор од Пржино станал фарса, бидејќи луѓето на Груевски го одложувале и го саботирале секој поединечен чекор и внимавале само формално да се придржуваат до термините.

Поврзани новости