621
Од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за три, а дизелот за четири денари по литар. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика, а ова е второ поскапување во последите две недели.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65 денари, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 67 денари за литар. Еуродизелот ќе чини 55 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство 43,5 денари за литар.
Последната промена на цените на бензините беше на 9 февруари, кога поскапувањето беше за 3,5 денари за литар, што значи дека цената за две недели порасна за 7,5 денари. Ова се должи на порастот на светската просечна цена на нафтата за 14 отсто.