Објавени нови видеа од доказната постапка за Бошкоски

by Фокус

Низа куси видеа на кои Љубе Бошковски преговара и зема пари од непознат човек, излегоа денеска на Јутјуб. Не е познато кој ги објавува и како овие видеа кои се дел од доказната постапка и судскиот процес против Бошкоски и во никој случај не смеат да бидат објавени, стигнуваат до јавноста.

Четирите куси видеа се снимени во два ресторани, а Бошкоски разговара за изборната кампања и за тоа колку пари ќе му требаат за митинзите. Протекувањето на овие видеа почна ден откако претседателот на СДСМ Зоран Заев ја објави третата бомба и разговорот меѓу Сашо Мијалков и Драган Павловиќ Латас во кој зборуваат за местењето на Бошкоски.

Поранешниот министер за правда, Ѓорѓи Спасов за целиот случај со незаконското објавување на материјали од доказната постапка за Љубе Бошкоски напиша:

„Со посебните истражни мерки што ги користела полицијата во тој период, и траеле до завршувањето на изборите, биле слушани сите штабови на опозицијата, кандидати и лидери кои комуницирале со Љубе како лидер на опозициона партија. Затоа на Тито Петкоски не му беше дозволено како претседател на собраниската Комисија за контрола на УБК да направи увид во користењето на ПИМ во случајот со Бошковски. Откако тоа им помина, полициско-медиумските спектакли за заплашување на народот станаа редовна практика. Нјабенигните прекршители на законот ги апсеа до заби наоружани и маскирани специјалци, не се апсеше додека не дојде телевизијата или се повторуваа апсењата за да сними телевизијата. Ова е метод на полициско медиумска тортура за која поденакво треба да одговараат и полицијата и одушевените медиумски босови од таквите методи. Тие се соучесници во ист злочин. А Љубе има син кој сето тоа го има гледано и сето ова одмаздничко изживување го слуша. Помислил ли некој од актерите на овој полициско медиумски терор како би се чуствувале нивните синови да гледаат вакви сцени и да слушаат ваков вид на одмаздничко насладување. Толку ли ги погоди негативната кампања во која Љубе само се закануваше дека ќе ги докаже нивните криминали? Или од тоа вистина се уплашија?“

Поврзани новости