Бензините поевтинуваат половина, дизелот и екстра лесното еден денар

by Fokus

Малопродажната цена на бензините се намалува за половина денари, додека на дизелот и на екстра лесното масло за одмаќинство за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена што ќе се применува од ноќеска на полноќ на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар,  Еуросупер БС 98 ќе се продавапо 69,50 денари за литар, Еуродизелот по 60 денари за литар и Екстра лесното масло за домаќинство 49 денари.

Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се намалува цената и на мазутот која ќе изнесува 36,395 денари за килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,45 денари и е за 0,348 отсто повисок.

Поврзани новости