Белучи кај Вучиќ: Тегла ајвар од премиерот за Моника

by fokus

 

Денешната посета на популарната италијанска актерка Моника Белучи во Белград, соседна Србија, предизвикала вистински хаос на белградскиот аеродром ,,Никола Тесла’’.

Стотици обожаватели на убавицата чекале да ја видат својата филмска дива, а таа љубезно им се обратила на присутните новинари и фанови со зборовите дека се чувствува одлично, и се заблагодарила на дочекот.

Веднаш потоа со режисерот Емир Кустурица, по прес конфенренцијата за медиуми, тие се сретнале и со српскиот премиер Александар Вучиќ.

Тој ги примил во владината зграда, и на Белучи и подарил кошница полна со српски производи. Внатре имало слатко од боровинки, ликер од сливи, благ ајвар, џем од малини и книга со илустрации од Србија – информираат од српски ,,Блиц’’.

Причина за доаѓањето на Моника во Белград е премиерата на филмот ,,На млечниот пат’’ чиј што режисер е Кустурица.

Вики Клинчарова

Поврзани новости