Министерот за надворешни работи на Белорусија Владимир Макеи, изјави дека западните земји треба да сносат одговорност за пролеаната крв во Украина, јави агенцијата Анадолија.
Макеи се обрати на 77. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк при што истакна дека главната причина за руско-украинската војна датира 30 години пред завршувањето на Студената војна.
Наведувајќи дека во наведениот период немало официјални договори, туку е склучен само „џентлменски договор“, Макеи во својот говор тврдеше дека тоа отворило пат Западот да ја гарантира својата доминација.
Макеи се осврна на принципот на „неделива безбедност“, кој бара сите членки на Алијансата да делуваат со исто чувство и исто да реагираат кога земја членка на НАТО ќе забележи закана.
– НАТО и западните земји ги игнорираа легитимните безбедносни интереси на Русија и Белорусија во потрагата за своето проширување на исток, изјави Макеи.
Како што пренесе Анадолија, тој наведе дека западните земји „колективно треба да сносат одговорност за пролиената крв во Украина“.
– Голем број земји сакаат да создадат полицентричен или мултиполарен свет во кој никој нема на другите да им ја наметнува сопствената визија, интереси и вредности, појасни Макеи.
Според него, западните земји ги зголемиле цените на енергенсите и храната поради економските санкции воведени кон Русија.