„Белорусија е подготвена“

by Fokus

Белорусија е подготвена на сите провокации од Украина, изјави првиот заменик државен секретар на Советот за безбедност на Републиката.

„Денес сме подготвени да ја запреме секоја провокација и секоја терористичка закана, без разлика од каде доаѓа и која може да и наштети на нашата земја, на народот“, изјави членот на највисокото белоруско бебзедносно тело Павел Муравејко за државната телевизија.

Според официјалниот претставник, Минск ги следи сите дејства, вклучително и „несоодветните“, преземени од украинските воени единици.

„Пукаат на нашата граница, ги кршат граничните знаци, провоцираат на сите можни начини. Дијалог има преку граничните служби, но, за жал, не секогаш дава позитивни резултати. Разговаравме преку воената линија -но ниту тоа не дава резултати“, рече Муравејко.

Поврзани новости