675
Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин ќе разговараат телефонски утре на „различни теми“, соопшти денеска Белата куќа.
-Лидерите на САД и Русија ќе разговараат за низа теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Русија, изјави Емили Хорн, портпаролка на Советот за национална безбедност на САД.
Во исто време, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека утре навечер ќе биде остварен телефонски разговор меѓу Бајден и Путин.