Бекута и Самарџиќ канат во Валандово: Дојдете заедно да играме и пееме!

by fokus

Валандово се подготвува за 36-то издание на реномираниот Фолк фестивал Валандово 2023, кој ќе се одржи на 28-ми мај.
Пред тоа, ќе има две предфестивалски вечери, на 26-ти и 27-ми мај, на градскиот плоштад, и ќе настапат познати музички имиња.

На фестивалската, натпреварувачка вечер ќе бидат изведени 20 новокомпонирани фолк песни, а пак на првата предфестивалска вечер ќе настапат ,,Распеани валандовчани”, Јоце Панов и Жељко Самарџиќ.
На втората предфестивалска вечер гостуваат Ефто Пупиновски, Ана Бекута и ,,Куку Леле”.

По тој повод, во видео пораки, музичките гости од Србија, Жељко Самарџиќ и Ана Бекута порачаа дека се радуваат на претстојната средба со публиката.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

-Драги мои, еве ме мене пак кај вас, во Валандово. Се радувам на средбата, едвај чекам заедно да играме и пееме-истакна Бекута. Самарџиќ пак, на македонски јазик порача дека ја очекува публиката во Валандово на 26-ти мај, за кога е закажан неговиот настап на плоштад.

Фолк фест Валандово во текот на своето постоење ја збогати македонската музичка ризница со голем број на хитови кои станаа евергрини и денес се актуелни во етер. Голем број на музички имиња ја започнаа својата кариера токму од овој фестивал.

Лани, кога за првпат се одржаа предфестивалските вечери, новитетот беше поздравен од валандовчани, но и од гостите од други општини, кои го наполнија валандовскиот плоштад.
Годинава, исто така се очекуваат голем број на посетители од сите краеви на земјата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости