Лукаревска: Не смее да се загрози правото на годишен одмор со избори среде лето

by Фокус
На нашата парламентарна демократија, на нашата економија, но пред се на јавното здравје, ни е потребно ново активно Собрание, за да можат да се носат сите неопходни одлуки за менаџирање на здравствената и економската криза, порача директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, која е коносител на пратеничката листа на СДСМ во втората изборна единица.
-5 јули е датумот кога ќе се случат изборите, тоа се 22 дена по завршување на вонредната состојба, согласно законот. Ние немаме право и не смееме да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови. Никој од нас, ниту институција, ниту партија, не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор – на ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето – рече Лукаревска.
Според неа, потребни се фукционални институции за нова македонска економија и за поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните, за креирање на нови работни места, за активирање на домашниот туризам, за промоција на нови земјоделски култури, за развој на економските дејности…

Поврзани новости