620
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска повтори дека ДУИ принципиелно останува на ставот датумот за избори да се донесе со консензус.
-Подготвени сме и наредната недела да одиме на избори, но треба да ги имаме предвид препораките од Комисијата за заразни болести и ситуацијата со бројот на заразени. Ќе ги следиме препораките на епидемиолозите, а јавноста ќе биде информирана за последниот став на партијата или ако има лидерса средба – рече Бектеши.
Денеска, Оливер Спасовски изјави дека вчера прогласената вонредна состојба е последна и дека изборите ќе се одржат на 5 јули.