Прославениот тенисер Борис Бекер ги доживува најтешките моменти од својот живот, откако беше осуден на затворска казна поради финансиски малверзации, затајување данок и префрлување на големи суми на пари на разни сметки со намера да ги прикрие.
Притоа, тој замина во најозогласените затвори во Британија, каде што условите се сериозно лоши. Според „Сан“, тој е сериозно загрижен за околностите во кои се наоѓа.
Првично, Германецот најмногу го загрижила храната, хигиената и светлината во ќелиите која речиси и ја немало.
Прво што вкусил Бекер кога влегол во затворскиот систем било некакво говедско месо кое било пресолено.
Инаку, на неделно ниво има само десет фунти на располагање за да си купи храна, а „Сан“ пренесува дека тој ги искористил за бисквити и сок.