Кој е Тод Боли, новиот газда на Челзи?

by Фокус

Ерата на Роман Абрамович во Челзи заврши по 19 години и 20 освоени трофеи, а Тод Боли ќе биде нов газда на клубот од Лондон.

Новиот сопственик е американски милијардер. Oсвен што е еден од сопствениците на ЛА Доџерс, тој има и сопственички удел во ЛА Лејкерс и ЛА Спаркс, а управува и со холдингот Елдриџ Индустрис.

Боли во 2015 година учестувал во создавање на компанијата „Елдриџ“ и има акции во голем број медиумски компании.

Исто така, е сопственик на осигурителна компанија и косопственик на многу други компании од спортот, технологијата, индустријата…

Од 2017 до 2021 година, беше на листата на Tоп-500 највлијателни луѓе во светот во изборот на „Лос Анџелес Бизнис журнал“.

Поврзани новости