397
Кажете ми за еден успех на вицепремиерот Артан Груби, зашто јас не знам да наведам, изјави еден од предводниците на „огнената група“ во ДУИ, Невзат Бејта во телевизиско интервју на телевизија „Клан“.
-Некои функционери на ДУИ тајно работат да ме ослабат, не се ангажираа на избoрите и затоа загубив во Гостивар. Разговаравме за овој загрижувачки проблем, тоа му го кажав и на лидерот Али Ахмети, рече Бејта.