Американскиот амбасадор Џес Бејли остро ги отфрли обвинувањата дека САД се обидуваат да ја поткопаат стабилноста на Македонија.
„Ние во американската амбасадата во Скопје често гледаме приказни во медиумите за теории на заговор и обвинувања дека САД се мешаат во домашните работи во Македонија и преземаат акции за дестабилизирање на земјата. Веруваме дека повеќето граѓани во Македонија, исто како и ние, ја препознаваат апсурдноста на ваквите приказни. Сепак, по неколкуте неодамнешни обвинувања за наши вработени и програми, дозволете ми да појаснам, особено за нашата поддршка за владеењето на правото“ – стои во соопштението.
Бејли потенцира дека САД дава голема финансиска помош на Македонија, а го поддржува и владеењето на правото во земјата, на што посебно значење му даде на Специјалното јавно обвинителство.
„Без разлика дали СЈО ќе биде успешно во спроведувањето на непречени, непартиски, како и професионални истраги со целосна поддршка од сите институции, тоа ќе биде вистински тест за владеењето на правото во оваа земја. Со оглед на клучната улога во воспоставување на правна одговорност, САД го поддржуваат СЈО со обука и со помош, исто како што им помагавме на македонскиот судски систем, Јавниот обвинител и на полицијата од независноста на Македонија. Овој ангажман е одраз на нашата длабока посветеност на владеењето на правото за да им помогнеме на луѓето во Македонија да се реши актуелната криза, да се развијат силни демократски институции и да се тргне напред кон членство во Европската Унија и во НАТО. Таа посветеност останува цврста“, порача Бејли.