Бејли: Најважно е што гласот на американските граѓани е слушнат

by fokus

Оваа кампања секако предизвика доста врева, но најважно од сето тоа е дека американските граѓани излегоа да го остварат своето право на глас и нивниот глас ќе биде слушнат, изјави утринава американскиот амбасадор Џес Бејли во прес центарот во скопскиот хотел „Александар палас“ каде што се следеа резултатите од претседателските избори во САД.

-Кампањите се период за нагласување на разликите, додека постизборниот период во САД е време на соединување. И сега кога кампањата е завршена, ние од Амбасадата и администрацијата ќе се вратиме на својата работа на градење добри врски помеѓу Македонија и САД, рече Бејли.

Бејли додаде дека изборот на претседател е сериозна работа и наспроти сета бучава што оваа кампања ја предизвика, таа се занимава и со проблемите на вистинските луѓе, економијата, трговијата, тероризмот, образованието и ангажманот на САД во светот.

 

Поврзани новости