468
Во Македонија мора да се одржат кредибилни избори, да се овозможат медиумски реформи но и услови за работа на Специјалното јавно обвинителство, порача американскиот амбсадор во земјава Џес Бејли.
– Заедно тоа испраќа стратегиска порака на вашите идни НАТО сојузници за вашата посветеност на вредностите на Алијансата. Меѓутоа, полу мерките ја испраќаат спротивната порака и може да ја поткопаат поддршката. Така што овие три области, односите со Грција, одбранбените можности и демократијата и владеењето на правото, нудат можности и се признание за многуте предизвици околу нас. Искористете ги овие можности – рече Бејли.