473
Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, истакна дека важно е дека сите граѓани со право на глас, особено младите, да излезат и да гласаат на претседателските избори во САД и на предвремените парламентарни избори во земјава, закажани за 11 декември.
-Во разговор со студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола вчера, истакнав дека е потребно секој да учествува и да гласа, особено младите луѓе, на изборите во САД и во Македонија, напиша денеска на Твитер, Бејли.
Тој оваа порака ја испратил за време на вчерашната посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, каде разговарал со студентите за изборите во САД.