Бејли: Амнестијата е пречка за кредибилни избори

by Фокус 17:14
17:14

Амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, денеска беа на средба со претседателот Ѓорѓе Иванов по која немаше изјави, но Бејли се обрати на Твитер.

-Масовната амнестија и неказнивоста се пречка за кредибилни избори и за евроатлантската иднина на земјата, напиша американскиот амбасадор на својот официјален Твитер профил.

- Advertisements -

Бејли исто така застана зад мирните протести како фундаментално демократско право, но забележа дека „вандализмот и насилството не се тоа“.

Поврзани новости