(ФОТО) Почнува протестот пред Собрание

by Фокус 17:27
17:27

Незадоволни граѓани почнаа да се собираат пред Собранието, од каде денеска почнува протестот против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за општа аболиција на сите осомничени во случаите кои произлегуваат од прислушуваните материјали.

Барањата на демонстрантите на протестот ораганизиран од граѓанското движење Протестирам се:

– Итно ослободување и отфрлање на какви било обвиниенија против 13-те приведени,
– Оставка на Претседателот на Републиката поради срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболицира криминалците;
– Отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и која ќе го помогне, наместо да го саботира соочувањето со правдата на политичарите и властодршците за сторените кривични и криминални дела;
– Конечно, итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори.

- Advertising -

gele

geleeeeee

Поврзани новости