905
Играчот за врска на Реал Мадрид, Герет Бејл кој сезонава настпува како позајмен фудбалер во Тотенхем, размислува да ја заврши својата кариера. Триесет и едногодишниот Велшанец планира да се врати во Реал Мадрид и следната сезона да ја помине со „кралевите“
По завршувањето на 2021/22, Бејл може да стави крај на својата фудбалска кариера, пренесува „Ас“. Крилниот напаѓач сега е целосно фокусиран на подготовки за Евро 2020.
На 19 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Бејл постигна девет гола и направи две асистенции.