Бегале од полиција па удриле во бандера

by Фокус

Синоќа после полноќ во Радишани, при вршење на рутинска контрола од страна на полициските службеници, на даден знак да запре, автомобил од марката „мерцедес” почнал да бега.

Како што објави 24 Инфо, при обидот за бегство, „мерцедесот“ се удрил во бандера во близина на полициската станица Чаир, а во него се удрило и полициското возило.

Повредени се неколку лица и истите се пренесени со возило на Брзата помош.

Поврзани новости