Предвреме роденото бебе Максим, кое дојде на свет на 5 јуни во 25-та гестациска недела, денеска си замина дома од Клиниката за гинекологија и акушерство, соопштуваат од оваа установа. Максим се роди со родилна маса од само 820 грама, а од Клиниката за гинекологија замина со 2.400 грама. Неговата мајка, Роза Апостоловска од Скопје се породи со царски рез и Максим и нејзино прво дете.
Новороденчето помина 40 дена на Одделот за интензивна нега и терапија и беше на механичка вентилација. Од Клиниката замина во добра општа состојба и со пораст на телесната маса, по два и пол месечната грижа на педијатрите и целокупниот медицински персонал.
-Благодарение на добрата организација и на постојаното доопремување со најсовремена апаратура за предвремено родени бебиња на Одделот за интензивна нега и терапија добивме уште една битка за живот. Го испративме Максим дома со радост и желби за среќно и безгрижно детство“ – истакнуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.