Дескоска: Последен ден во министерството, пред вработените останува предизвикот за водење на преговорите

by fokus

Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска се збогуваше со вработените во министерството и од утре и се враќа на професорската професија.

-Последниот работен ден во Министерството за правда упатувам благодарност до сите вработени во Министерството кои пожртвувано работеа и се вложија во реформите во областа на правдата. Со нивното знаење и ентузијазам тие придонесоа за позитивните оценки кои ги добивме и кои овозможија одлука за отварање на преговори со ЕУ. Пред нив останува предизвикот за водење на преговорите, предизвик со кој верувам успешно ќе се соочат за доброто на сите нас!, напиша Дескоска на фејсбук.

Поврзани новости