Бебе во Србија се роди тешко 6,5 килограми и долго 68 сантиметри

by Fokus

Сузана Кучина минатата сабота го роди Павле, жив и здрав, тежок речиси шест и пол килограми.

Бебето кое собори рекорд ги изненади мајката, лекарите и сограѓаните кои не паметат дека се родило вакво големо бебе во нивната општина, но и пошироко.

– Знаевме дека е големо бебе, но не знаевме дека е толку големо. Очекувавме да тежи преку 4 килограми, но не изненади кога се роди – изјави мајката на новороденчето за српските медиуми.

Доктор Драган Перишиќ ја водел бременоста на Сузана и го извршил породувањето кое, како што вели, поминало совршено. Тој истакна дека во својата долга кариера никогаш не сретнал бебе со оваа големина.

– Должината на бебето е 68 сантиметри, обемот на главата е 38 и по големина припаѓа на еден процент – објаснува доктор Перишиќ.

Во Горњи Милановац никогаш не е снимено дека се родило бебе тешко повеќе од шест килограми, па на шега велат дека Павле од породилиште ќе оди директно во училишна клупа.

 

Поврзани новости