Баже Илијоски, најефикасниот македонски фудбалер му кажа збогум на фудбалот!

by fokus

Најефикасниот македонски голгетер Баже Илијоски реши да стави крај на својата фудбалска кариера.

Тој оваа сезона настапуваше за својот матичен Работнички и реши да стави крај на своето фудбалско патешествие

„Сакам да се заблагодарам на сите кои што изминативе години беа со мене во текот на мојата фудбалска кариера, на сите мои соиграчи, тренери, судии, новинари. Посебна благодарност до сите клубови кои ми дадоа шанса да бидам дел од нивните истории и до сите оние кои што заедно се радувавме и жалевме. Голема благодарност до моето семејство кои што беа покрај мене и кога беше најдобро и кога беше најтешко.

Посебна благодарност до мојот Работнички којшто ме научи што значи да се сака и живее за успех и фудбал. Голема благодарност до фамилијата Костовски и фамилијата Поповски кои што ме прифатија како нивно дете и ја држеа вратата отворена секогаш за мене. Мислам дека е време да им отстапиме место на помладите и желни за успех. На сите ви посакувам многу здравје и уште поголеми успеси“, напиша Илијоски на својот профил на Фејсбук.

Тој, освен за Работнички, настапуваше за од Металург, Пелистер и Шкупи, а во странство играше за Инчон, Гангвон (Јужна Кореја), Брашов, Рапид Букурешт (Романија), Гифу (Јапонија), Бангкок глас и Келантан (Тајланд).

Илијоски е најдобар стрелец во македонската Прва лига со повеќе од 130 голови во кариерата, што го прават најефикасен фудбалер во македонската историја. Одигра 13 меча и за најсилната македонска репрезентација.

Поврзани новости