Бате Геле не се појави на суд, судењето одложено на 23 мај

by fokus

Судското рочиште против деветмина обвинети за насилството во парламентот се одложи за 23 мај поради тоа што обвинетиот Ангеле Зафировски, Бате Геле не дојде на судењето.

Судијката Милка Ангеловска Василевска  не образложи зошто обвинетиот не се појави во судница, но она што можеше да се слушне во судницата тој не бил донесен од домашен притвор.

Наспроти осумината обвинети, во судницата се појавија и десетина оштетени, од кои поголемиот дел од МВР кои беа повредени во крвавиот четврток. И покрај големиот број обвинети, оштетени, адвокати, новинари судењето беше закажано во мала судница од дваесетина квадратни метри во која немаше место за сите. И покрај забелешките на присутните и наредното рочиште е закажано во истата судница.

„Верував во се, но не дека моите ќе ми судат за Македонија, пишува на голем транспарент истакнат пред Основниот суд како реакција против обвинението за деветмината кои се товарат за кривичното дело „учество во толпа“.

В.В.

Поврзани новости