Хојт Ји: Властите во Македонија да ги истражат нападите врз пратениците на 27 април

by Fokus

Заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Хојт Ји истакна дека неопходно е властите во Македонија целосно да ги истражат нападите врз пратениците од 27 април и одговорните да одговараат.

– Етничките тензии на Балканот уште еднаш се во пораст. Неодамнешното насилство во Македонија ја потцртува сериозноста на нивните политички проблеми – рече Ји во својот исказ.

На инсистирањето на претседателот на Поткомитетот, Дејна Рорабахер да ја појасни ситуацијата во Македонија и евентуалното мешање на американскиот амбасадор и на Институтот Отворено општество на Џорџ Сорос по изборите Ји изјави дека тоа не е точно:

– Македонија сака да му се приклучи на НАТО, Македонија сака да се вклучи во Европската унија. Исто е со Албанија, која сака да и се приклучи на ЕУ. Ние како партнери им помагаме да ги достигнат стандардите неопходни за да се постигне таа цел. Кога го браниме владеењето на правото, незвисното судство, човековите права тоа не е секогаш популарно за власта – истакна Ји.

Поврзани новости