Денеска почнува судењето за деветмина обвинети за крвавите настани во Собранието

by Fokus

Деветмина обвинети за крвавите настани од 27 април, кога пратениците од парламентарното мнозинство беа нападнати во Собранието денеска ќе се најдат на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1.

Обвинетите се товарат за кривичното дело „учество во толпа“. Двајца од нив ќе бидат донесени од притвор, а двајца од куќен притвор.

Триесетина насилници добија кривични пријави, меѓу нив двајца заработија кривични пријави за „обид за убиство“ на пратеникот Зијадин Села.

Поврзани новости