Баша: Протестите ќе траат до заминувањето на Рама

by fokus

Претседателот на најголемата албанска опозициска партија Демократската ПД, Љуљзим Баша, денеска порача дека „народното востание“ што започна на 16 февруари ќе трае до заминувањето на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада која ќе организира предвремени избори.

„Единствените што треба да се плашат од доаѓањето на Демократска партија и опозиција на власт се 5-6 олигарси на кои ќе им ги земеме парите и ќе и ги дадеме на албанска младина, на албанските универзитети. Знам дека се плашат и им порачувам дека е добро што се плашат, бидејќи тоа ќе се случи со Божја помош и со единството на Албанците за многу кратко време“, порача Баша од средбата со приврзаници и граѓани во градот Лежа.

Поврзани новости