Четиримесечно бебе заразено од морбили

by fokus

Осум нови пациенти заразени од морбили вчера била прегледани на Инфективната клиника во Скопје. Тројца од нив се хоспитализирани. Меѓу нив имало и едно 4 месечно бебе.

Моментално на оваа клиника од мали сипаници се лечат 37 пациенти. Во меѓувреме и на ниво на цела држава постојано расте бројот на заболени од морбили вкупно 1285 случаи. Последниве седум дена Институтот за јавно здравје евидентираше 110 случаи на мали сипаници.

Според вакциналниот статус, 76,4% од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Единаесетмесечно бебе завчера почина на Детската клиника поради компликации од морбили. Ова е четвртата жртва досега откако трае епидемијата. Бебето не било вакцинирано затоа што според возраста не подлежело на вакцинација. За да се превенираат вакви случаи во иднина, здравствените власти наредија и да се спушти границата за вакцинација под една година.

Поврзани новости