574
Педесетина барокни канделабри деновиве беа поставени околу рекреативната патека покрај Вардар во Скопје, пишува САКАМДАКАЖАМ.мк
Една канделабра чини 1 600 евра, а за целосно осветлување на патеката за џогинг, Град скопје потроши 86 000 евра.
Оваа патека со години не беше осветлена, па рекреативците во неколку наврати официјално се обраќаа до Град Скопје со барање да ја осветлат патеката за да можат и навечер да ја користат. Сепак не очекуваа дека Градот ќе одгвори на нивното барање со барокни канделабри.