Барал на интернет да му го бјадисаат домот, му ги земале парите и не се појавиле

by Fokus

Триесет и тригодишно непознато лице измамило скопјанец дека ќе му го бојадиса домот за одредена сума на пари, му ги земал парите и не се појавил, информираа од МВР.

Според инфорациите од полицискиот билтен, вчера во 19.05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Н.С.(66) пријавил дека на 21.04.2018 година во 20,00 часот бил измамен од 33 годишно лице од Скопје. Пријавениот на интернет пребарувајќи лица кои може да го бојадисаат неговиот дом, го исконтактирал пријавениот кој дошол заедно со уште две непознати лица и истите се договориле за сума од 11.000 денари да го бојадисаат неговиот дом. Потоа лицето побарало капар од 5.500 денари но до моментот на пријавување на настанот лицата воопшто не започнале со работа. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости