Отишол да пазарува, продавачот го претепал

by Fokus

Продавач го нападнал купувачот во продавницата во која отишол да пазарува, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 19,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Р.О.(22) пријавил дека истиот ден околу 18,30 часот на булеварот “Партизански Одреди”, пред продавница во Трговскиот центар Антико бил физички нападнат од страна на вработен во продавницата. Откако пријавителот се обидел да пазари во продавницата, сторителот започнал вербално да го навредува по што физички го нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости