Балканците ни ја донесоа короната, тврди германскиот министер за здравство

by Fokus

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја разгори јавноста со тврдењето дека патувањата во посета на роднини на Балканот и во Турција минатото лето го иницираа вториот корона-бран во Германија.

-Извлековме поуки од минатото лето, рече неодамна германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, за таблоидот Билд. Според неговите зборови, имало периоди кога „околу 50 отсто“ од новите зарази со коронавирусот во Германија всушност биле увезени, и тука Шпан особено го споменува заминувањето на луѓето кои живеат и работат во Германија, а имаат семејства на Балканот и во Турција.

Поврзани новости