Дистрибуцијата на топлина „Балкан Енерџи Груп“ ги исече дрвата од улицата Рузвелтова до булеварот Партизански одреди, кај Симпо. Како причина го наведоа тоа што дрвата се наоѓале врз трасата на топловодот, што сега ќе го реконструираат.
-Спротивно од техничките прописи, врз трасата на топловодот уште од времето на неговата изградба биле засадени неколку дрвја. И покрај напорите вложени од инженерите и проектантите да се зачуваат дрвјата, за жал, технички неопходно беше отстранување на дрвјата за да се изведе реконструкцијата. Сечењето на дрвјата е извршено согласно законските процедури и по добиените дозволи од надлежните институции, се вели во соопштението од компанијата.
Од компанијата додаваат дека се обврзале дека по завршување на реконструктивните активности ќе го вратат теренот во првобитна состојба и ќе засадат три пати поголем број на дрвја, но овој пат, на прописно растојание од подземната инфраструктура.