Поповски ветил на УНХЦР дека Македонија ќе ги отвори границите

by Фокус

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Поповски, денеска во телефонски разговор со Антонио Гутерес, висок комесар за бегалци при Обединетите нации  (УНХЦР) ветил дека „во иднина границата ќе биде отворена“. Ова го соопштија  од Агенцијата за бегалци при ОН. Министерот не кажал кога точно ќе се отвори границата.

-УНХЦР исто така апелира до грчките власти да ги подобрат регистрацијата и прифатот на лицата коишто имаат потреба од меѓународна заштита и да им обезбедат итна помош на луѓето што се останати на грчката страна на границата и да им помогнат да се упатат кон прифатните центри подалеку од границата. УНХЦР останува подготвен да им понуди помош на двете влади во врска со овие предизвици. Исто така ги повторуваме повиците кон Европската унија да ја зголеми поддршката за земјите кои се погодени од движењето на бегалците во Југоисточна Европа, дополнително се вели во соопштението од Агенцијата за бегалци при ОН.

 

 

 

Поврзани новости