Бајрами уверува дека ќе се преземат мерки за пукањето на ДУИ

by fokus

Како од Министерството за внатрешни работи, така и од Јавното обвинителство уверуваат дека ќе бидат преземени мерки за расчистување на случајот, како што велат, по синоќешното пукање на прославата на ДУИ на плоштадот Скендербег.

На денешната прес конференција во Јавното обвинителство, на прашањето дали е нешто преземено во врска со користењето оружје вчера при прославата на ДУИ, јавниот обвинител Џелал Бајрами изјави:

-Комисијата е за следење на изборни нерегуларности постапува по пријавите кои се поврзани со такви нерегуларности. Тоа спаѓа во доменот на редовното работење на обвинителството и сигурно ќе се преземат мерки за расветлување на случајот – изјави претседателот на Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности при Јавното обвинителство.

Поврзани новости